Каде се книгите?
Ако поради нешто го почитував поранешнот социјалистички систем, тоа е поради сериозниот пристап кон нештата. Поради неповршноста и нешалабајзерстовото. И затоа што секоја фирма имаше сериозна, богата библиотека. Мајка ми ја држеше библиотеката во „Македонски фолклор“ каде што работеше како дизајнер, и памтам колку уживав да одам таму и да чепкам оти беше толку богата што речиси сите книги кои ги немав дома, а ми требаа за на факултет (книжевност студирав, значи не било што), ги наоѓав таму. А замислите, обична фабричка библиотека беше тоа! И сега, откако испопропаднаа тие грдни фабрики и фирми, тие Железари и Металски заводи и Хемтекси и Охиси... каде ли отидоа книгите? Во кој ли контејнер?
Срцеболие...