logo

# Приказни

(ЈС)ПУБЕРТЕТ

насловна слика
„Види“, ѝ вели дечкото на девојката, „Едната рака ми е подолга од другата“. Девојката се чуди, има 17 години и никогаш не помислила дека ќе има дечко со една подолга рака. Му ги споредува рацете, таа е восхитена, веднаш се вљубува во него и одлучува – колку сантиметри му е подолга едната од другата рака, толку деца ќе имаат. Таа го гушка силно, тој ја гали по долгата руса коса и ѝ зборува за игрицата на мобилниот. Ќе го поминат ли заедно следното ниво во игрицата и животот?

Коментари


Остави коментар