logo

# Приказни

(ЈС)ПАТЕТИКА

насловна слика
КРЕДИТ ДО 30.000 ДЕНАРИ, вресна мониторот во автобусот кој бесно леташе низ улиците полни со изборни дупки. Поминуваме покрај една спортска обложувалница: сите обложувачи излегле надвор, насмеани, се гушкаат и им течат солзи радосници. Не победиле нивните, се обложиле на тимот кој го мразат, но кој, рака на срце, сепак е подобар. Кружен тек: овде времето се врти во круг и автобусот собира минати и идни патници; се качуваат Фригијци, Атинјани, Хуни, Прусијци, еден збунет човек од 31. век и неколку тинејџери на кои им е сеедно во кое време се наоѓаат. Решавам да детектирам потенцијални самоубијци меѓу патниците и си го гледам сопствениот одраз во екранот од мобилниот.

Коментари


Остави коментар