logo

# Приказни

Јазикот

насловна слика
Дур ми е мислава тука, да ја запишам.  Убаво што нè збесна изјавата од исток за непостоењето на јазикот ни, убаво што нè сплоти, ама... ако толку ни е битен, зошто не го практикуваме како што доликува? Да ви кажам искрено... најубав македонски говорат најнеучените, најнешколуваните, оние од по селата по Недојдиите луѓе.  Мртва сериозна сум. Оти го зборуваат во изворна форма, без керефеки. Штом некој завршил школи, тури му пепел! Поднаучил, ама не донаучил. Најучените, па дури и купишта македонисти, акцентираат погрешно, а акцентот наш третосложен, елегантен и достоинствен е најбитната алка за посебноста негова.  За правописот да не отворам муабет. За користењето на кирилицата исто. Така што, сакам да речам, убаво што нè повредија со изјавите, ама де, да се обидеме да го користиме како што заслужил оти тро глупо делува да му се лутиш на душманот оти сака да те отепа, а сам си го копаш гробот.

Коментари


Остави коментар