logo

# Приказни

Извршители

насловна слика

„Искрено целосна поддршка за моите колеги извршители. Пред да станам претседател на  Синдикатот на Извршители на МК, и јас бев теренец. Паметам како е во ладните зимски ноќи да тропаш на врати да наплатиш 7000 денари од пензионери со пензија од 6000 денари поради заостанат долг од 12 денари на ЕВН. Знам како е крвнички да работиш за парите кој на крајот на месецот не стигнуваат ни на детето да му купиш сет  - чизми, борд, везови и восок од Burton, не па да имаш да му уплати ски карта за 15 дена во Банско. Знам како е да си дното.

 Извришителите денес ќе решаваат дали ќе излезат на протест. Денес јас ќе ги поддржам во целсот, како претседател на нивниот сојуз, на еснафот. Овој занает зема данок на душата, на телото. Сите тие седења по кафани, сите тие непратени писма за опомена до луѓе што должат 74 денар на УЈП со цел да им се наплати бар 300 евра 3 години подоцна...

 Нема да им помине! Нема да бидеме малтретирани! Обединети ќе стоиме за конечно добивање права на извршителите во Македонија!“ - Митре Поплајнароски, ценет извршител, поддржувач на протестот на извршителите, поседувач на 4 имоти на првиот крак на Халкидики, 2 во Копаоник, 4 во Охрид и 2 во Маврово.

Коментари


Остави коментар