logo

# Приказни

Извини

насловна слика

„Извини“ од кое ти се наежува цела кожа оти чувствуваш дека е искрено и дека никогаш, никогаш повеќе нема да си дозволи да ти нанесе болка. Кога е такво, и непростливото ќе го простиш.

И има едно „извини“ полно лажна тага и каење зад чија маска се крие потсмев, церекање в лице зашто истовремено додека го кажува го прави токму она поради кое ти се извинува, па дури и бетер, го прави она за кое многу добро знае дека те понижува и повредува најдлабоко... всушност, со „извини“-то те тестира колку ти тежи будалштината твоја неизмерлива.

Коментари


Остави коментар