logo

# Приказни

ИЗАМ

насловна слика
„Знаеш, имам што да кажам и за ситуацијава кај нас, и за ситуацијата во САД. Расизмот, национализмот или воопшто било кој ИЗАМ е зло коешто мора да се искорени. А како? Нема друг начин освен директна акција. Целосна поддршка за сите во Америка и борбата за правата на сите кои страдаат од режимот кој директно угнетува луѓе со различна боја на кожат. Што се однесува до дирекната акција во мојата заедница за подобрување на позицијата на оние кои се угнетени, почнав и јас веднаш! Прво - видов на Google Maps каде се наоѓа Шутка, и решен сум во следната декада да ја посетам. Дополнително шернав 2 статти од Хелсиншки, ја постирав Killing in the name oд RATM, како и пишав долг статус за поддршка на Ромите во Македонија. Планирам и да дадам 15 денари на децата што просат и чистат шофершајбни кај Соборна. Ова е директна акција. Ова е начинот на кој ќе смениме нешто и кај нас! Време е сите да го направиме својот дел.“ - Никола Стојанчоски, жител на скопски Центар, човек со цели двајца пријатели од друга етничка припадност - еден Влав и еден Србин.

Коментари


Остави коментар