logo

# Приказни

Интернет

насловна слика
„Се викам Дејан, имам 36 години, активно се бавам со SEO, Google Ads, a уживам во добар Neo-noir филм, oсобено од Кореја, крај на 90ти, имам напредна сколиоза, и имав девојка последниот пат кога ДА беа на власт, а и тргувам со криптовалути.Важно е за личности како мене, во ова време на пандемија, без никакво искуство, познавање од микробилогија или наука воопшто, или бар 3јка биологија кај Џугуманова у Орце, но со пристап до интернет, како и добро визуелизрани табели, да правам што повеќе бука во медиумскиот простор, објаснувајќи им на сите мои 546 следачи на интернет просторот ШТО ТОЧНО да преземаат за заштита од инфекции и вируси. Фактот што луѓе кои се миркобиолози, доктори, виролози и епидемиолози не стигаат на ред да бидат видени од општата јавност од луѓе како мене кој ќе напишат 2131245 препораки на ден. Нема да бидам тивок! Јас сум овде! Јас имам пристап до интернет! “ - Дејан Димкоски, микроинфлеунсер во релеватна група, но најважно од се, човек. човек...со...пристап...ДО ИНТЕРНЕТ!

Коментари


Остави коментар