logo

# Приказни

High noon

насловна слика
Нејзината кожа беше толку тенка, што сенката ѝ беше невидлива под силното јулско сонце. „Земјата е пак сува и старите врапци доаѓаат на неа да умрат“, ми рече и истече врз тротоарот. Капките од кои беше сочинета ги собрав во кутиче од филм, го ставив во десниот џеб од бермудите и застанав под сенка на цигара. Додека пушев, чадот од цигарата ми ги погали очите и на нив напиша патетична љубовна песна.

Коментари


Остави коментар