logo

# Приказни

Гумена љубов

насловна слика
Таа мирисаше на гумени бонбони, и навечер се будев со мисла-вресок дека до мене лежи „Харибо“ мече. Од зелените. Потоа таа ја палеше малата ноќна ламба и нежно ме смируваше сѐ додека сонцето не извојуваше победа над месечината. Јас мирно заспивав, а таа одеше на работа сосе подочниците кои ѝ висеа како дојки на стогодишна жена. И така секоја вечер, сѐ додека таа не умре од исцрпеност, а јас се вработив како ноќен чувар во фабрика за гумени бонбони.

Коментари


Остави коментар