logo

# Приказни

Градинка

насловна слика

Комшичињава до мене, едното 4 годинки, а братчињата близначиња 2-годишни. Цело лето се во Лазарополе, саде со стари луѓе се опкружени, а куќата нивна на улица и кој помине го поздравуваат. Најглавна другарка им е мајка ми, дека двор до двор. И имаш ситуација. Прво најголемото, вика: "Баба ВеЛааа, што плавиш?" После истото го повторуваат близначињава: "Баба Велааа, то паиш?" ×2. После врви дедо Андо. "Дедо Андо, кај ќе одиш?" И уште два пати: "Дедо Андо, ка ќе одис?" Па играат нешто, па ќе се закараат: "Пи* ка ли ти мателина!" "Пита ли ти мателина!" ×2. Дедо им од таму: "Срамота, кој ве учи така?" "Во гладинка." "Гаинка" ×2.

Коментари


Остави коментар