logo

# Приказни

Гнило е

насловна слика
По болниците секој ден умираат луѓе во крајно недостоинствени услови, со искинати пижами од кои им излегуваат градите на жените, потпокриени со смрдено ќебе под кое виси босата пожолтена нога на болниот, ги разнесуваат низ студените ходници во кои фури промаја. Луѓето не умираат, туку пцовисиваат како пци поради скапаниот здравствен систем. Нè трујат со воздух, нè трујат со храна, нè трујат со политика. И Македонци, и Албанци и Роми и сите топтан, не бира тоа националност. Се тепаме за сенешто меѓу себе, а не се тепаме да ја средиме земјава да заличи на нешто. Не можам да поверувам дека е толку тешко да се стокми системот, не само здравствениот, туку цела држава, не, просто не верувам дека до толку не може! Ама не се сака. Живееме по инерција, ден за ден, јадеме гурабии, ќе ги изедеме и пак по старо како ништо да не било. Ќе ставиме црна лента на фб кога ќе умре некој, ќе запалиме виртуелна свеќа и толку. Од утре пак ќе одиме во истите болници и ќе закачиме инфекција од нехигиена. Не знам ни зошто го пишувам ова, не оти има некоја поента и не дека ќе се смени нешто, ама ете, излезе, па да го запишам.

Коментари


Остави коментар