logo

# Приказни

ФИЛИП ГЛАС ВО ПАРК

насловна слика
Едно убаво утро, Филип Глас излезе на прошетка и шеташе, шеташе, шеташе, шеташе, шеташе, шеташе, шеташе, шеташе, шеташе и шеташе. По некое време се измори, седна на една клупа и седеше, седеше, седеше, седеше, седеше, седеше, седеше, седеше, седеше и седеше. По некое време стана, реши да се врати дома и се враќаше, се враќаше, се враќаше, се враќаше, се враќаше, се враќаше, се враќаше, се враќаше, се враќаше, се враќаше, и кога се врати, му дојде идеја за нова композиција што ја нарече „Филип Глас во парк”.  Боб Вилсон се воодушеви.

Коментари


Остави коментар