logo

# Приказни

Џубокс, Салун и Балет

насловна слика

Искрено, во недостиг на отворен Џубокс, Салун и Балет, мора да правиме компромиси со себе и методите за пристапување кон понежниот пол. Порано, пред пандемијата, ќе се излезеше во четврток, петок, сабота, понекогаш и среда, и се знаеше добро развиената рутина. Се пристапува на млади несигурни, или стари разведени, строго околу 4 наутро, откако имаат убиено доволно нервни клетки од алкохол за им биде привлечен дури и Љупчо Николовски. Еднаш во 100 пати ќе успее, што статистички не е лошо.

Сега, сега е трагично лошо. Не се излегува, полицски час, а и луѓето се нафураа на планинарање, здрав живот, и увозни млечни производи. Мора да се адаптираме на ситуацијата. Затоа, со нашaта банда развиваме една платформа по неодамнешната Евровизија. Анализрајќи ја ситуацијата од самиот евент, увидовме дека голем дел од жените во нашата таргет група, жестоко се ватраат на Жабарите, и во рамките на нашето дигитално присуство ги форсираме содржините врзани со нив, веќе недела дена после самиот настан. До сега, вродија со плод. Имам 7 лајкови, и seen од Жаки што ми го издрка у Педер Парк после една бурна вечер во Saloon на пораката „Абе виде ли како згазија Италијаниве“ на нејзиниот IG профил. Мислам дека годинава ќе биде плодна, дефинитивно.“ - Миодраг Стојановски, не толку, скроз не е згоден, никому опходен, возрасен маж што ЛЕГИТИМНО зборува за Евровизија, човек чиешто последно сексуално искуство е лажење другари дека 2015та некоја наводна Жаки му го издркала у Педер парк.

Коментари


Остави коментар