logo

# Приказни

Другарки

насловна слика
Сакам само да забележам дека во мое маало живеат две бааѓи возрасни госпоѓи, па, да не претерам, ама во длабоките осумдесетти се сигурно, немам сконтано дали се сестри или само другАрки, но зошто ги споменувам.  Имено, тие две дами, секој ден околу десет и пол, рака под рака одат на пазарење во дуќанчево наше маалско, фул дотерани, секојпат во различни бои, розе, црвено, светло сино, крем, обавезно големи бисерни обетки, кармИн, огромни очила за сонце и ШЕШИР. Со плетени торбички за пазарење, насмеани и "Добро утро" на сите.  Многу се кралици.  Денес ги гледам и ми дојде тешко, си помислив што ќе се случи кога едната ќе ја напушти другата...

Коментари


Остави коментар