01.03.2022
Добро утро женички!!!! Мајки-кралици нели? Време е за будење!!!
Мајките од градинката во која оди ќерка ми создраваат вибер група и започнуваат дискусија што да се купи за подарок на учителките. Време е да не се криеме зад измислени приказни. Со години се воздржувам за да не навредам некого, но ова со лигавењето е навреда за мене па ќе си кажам.
Драгите мамички да беа успешни жени и борци како Роза Луксембург немаше да собираат по сто денари и да се расправаат како ќе се умилкуваат на учителките, но не се. Учителките, воспитувачки па дури и оние во администарција во училишта или градинки, ќе смогнеа сили да излезат на протести за поголеми плати, чистачките во училиштата за подобри услови за работа, сите ние ќе реагиравме. Но не, борбата заврши уште пред да почне. Бунтовите ги водат најчесто дома оние жени на кои им пукнал филмот сами да ја местат масата, сами да ги чуваат децата, да трчаат од работа до градинка, додека милиот сопруг заглавил во кафана на афтерворк парти. И најчесто токму тие жени ја водат битката во адвокатските фирми за поголема плата од својот колега, во архитектонските бироа за подобар проект или на градилиште.
Најголемата забава е токму таму на градилиште. Одиш на градилиште и чуварот не те пушта да влезеш иако носиш фул опрема и уште кога му соопштуваш дека ти си главниот архитекот се гази од смеење. Колегата кој со години ќе го советуваш како да си ја заврши работата или што е долна зона на плоча во моментот кога после милион обиди да те легне ќе свати дека воопшто не е ниту на тој пат, ќе те озборува со ист интензитет со кој ти си го учела за струката. Се случува и колегите -мајстори да те тестираат па ќе ти постават некое глупо прашање што би било кога би било, на кои прашања со текот на годините научив да давам многу креативни одговори. За теорија ти аплаудираат, ама за пракса сеуште никој на терен не сака да слуша и гледа жена која ќе кажува како ќе се работи. Да си машко и твојот директор ќе те фали, но ако си жена ниту ако со нокти ја браниш фирмата и глумиш лудило за оскар нема да слушнеш пофални зборови (секоја чест за ретки исклучоци директор на друга фирма кој видел каков ѕвер си за работа и те вика кај него во фирма, поздрав Алек) Тука ќе ги спомнам и наградите, колегата-Машко попладне излегол на терен и веднаш добива дупла дневница, частење ручек-следен ден, и милион зборови за благодарност, додека колешката си носи работа дома пиши-бриши и никој ни видел ни слушнал, а за да видат треба да крене бунт или да сврти грб и оди.
Но машките срца се борци, ако не е платено не работат, не се потресуваат за ситници и глупости, не си зариваат нож во грб заради работа и после таа работа седнуваат да се почестат за сопствениот труд. Сте виделе машко на инста да ја слика елката од милион агли ??? Не сме на иста фреквенција нели.
Каде сте вие ? Кафе со пријателката ако сопругот дозволи или најде време еднаш во месецот ?
Драги мамички што сакате да ги научите вашите ќерки?
Да бидат борци кои со сопствени одлуки ќе минуваат низ животот или да ги учите да ја сликаат чистата кујна од сто можни агли, да ги прашуваат своите сопрузи дали може да одат на забар како што правите вие и само да глумите рамноправност Мене татко ми ме научи да бидам борец. Имам култура и убаво воспитување, но кога шалата преминува во навреда им покажувам кој е РАМНОПРАВЕН и дома и на градилиште.
Понекогаш паѓам, потоа станувам, ја местам круната и продолжувам.
Машките стануваат од култура, но ако ја немаат не мораат зошто сме рамноправни. Со сопругот поминуваме подеднакви време во кујна, договор е кој ќе се грижи за децата. Исто така од култура ми дозволува да одберам нов плакар, но не збеснува зошто не сум избршала прашина оваа недела или ручекот бил купен, изгорен или заборавен. А кога одам да си купам нешто сопругот воопшто не знае или дознава кога излегувам со пријателките.
Дороти исчезнува во прашината на некое градилиште зошто е сама. Зошто не има на раководни позиции, најдобри, најуспешни, најмногу дипломи, најголем труд, а сепак во сенка. Зошто ги учите ќерките да молчат, да најдат добра куќа каде ќе се омажат место самите да ја создадат, да има кој да им купи место да си купат. Зошто женичките се плашат, можело да биде и полошо. Сите го слават 8 Март, разменуваат цвеќиња, споделуваат фотки на фб, но никој не се запрашува дали е тоа нивниот празник. Зошто не е празник на мајката, на учителката, општо на жената, туку на силната жена. Ваш живот, Ваши одлуки!!!!
Дали е ова Ваш празник Драги мои ?
Емона Б.