logo

# Приказни

Докторот

насловна слика
„Иако делуваше наивно, и како обид да докаже дека е пожртвуван лидер на Република Северна Македонија, сепак премиерот Заев, мора да има на ум дека неговите изјави допираат до милиони луѓе, особено оние кои најмногу му се восхитуваат - младите во РСМ! Да, јадење разновидна храна е клуч на доброто здравје, но виршлите, саламите, и комбинацијата од леб и макарони кои тој ги спомна во неговата последна изјава, се навистина штетни за сите, особено за младите во развој, оние кои патем најмногу го сакаат премиерот Заев. Виршлите и саламите се полни со емуглатори, конзерванси, адитиви за вкус, сталагмити и сталактити, додека пак комбинацијата од јаглехидрати од два вида како што е случајот со лебот и макароните се крајно погубни за дигестивниот тракт и цревната флора. Со цел да се исправи грешката, се слушнав со Зоран Заев лично, и направиме работна група со Коста Петров, Збр и кој и да знае повеќе од цела азбука во Министерството за Здравство за да ја средиме исхраната на премиерот, како и истата да ја промовираме преку серија видеа под работен наслов „Јади фраерски, јади премиерски“. Се надевам дека ќе помогнам со мојата експертиза жителите на Република Нашата Земја да јадат малку поздраво, особено ценетиот премиер.“ - Мехмет Оз, доктор, псеудонаучник, Турчин, член на задграничиот комитет СДСМ Кливленд.

Коментари


Остави коментар