Чехов во време на епидемија на колера
Чехов 1892 година му пишува на А. С. Суворин колку е тешко да си доктор во време на епидемија. Ова се извадоци од писмото:
Во оваа време на епидемија на колера, јас сум единствен доктор на 25 села, 4 фабрики и 1 манастир. На секој болен треба да му се посвети 5-10 часови и повеќе. Додека пренесувам еден болен, успеваат да се разболат и умрат десет. Мојата душа е како во затвор. Државата не ми даде ни копејка. За организирање на ситуацијата, приморан сум постојано да се молам на богаташите де, за едно, де, за друго. Ја избавив државата дури и од расходи за средства за дезинфекција. Меѓу другото, никогаш не сум живеел толку бедно како сега. Сѐ си купувам со свои пари, дури и леб. За литературата и помислувам понекогаш, но не пишувам ништо. Кога ќе дознаете од печатот дека со колерата е завршено, тоа ќе значи дека повторно сум почнал да пишувам. А додека и служам на земјата, не ме рачунајте за литерат. Да ловиш во исто време два зајака е невозможно!
Нека ни е честит светскиот ден на театарот!
Превод од руски јазик: Митко Бојаџиски