logo

# Приказни

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЦА

насловна слика
Ми се пие кафе. Горко како тага, врело како страст. Темата на утринската емисија која ечи од телевизорот е „Јазикот на телото“, и некој ранобуден дедо вреска за ниските пензии. Ми се пие кафе, си повторувам и заспивам. Пред да пристигне сонот, ме буди кучешки лаеж: Вини сака да влезе внатре. „Ти да лежиш на бетон, да те видам!“, измрчува, влегува и легнува на ќилимот. „Килимот“, ме прекорува лекторот. На килимот. На килимот има шари кои наликуваат на пареа од жежок чај од мајчина душица. Пред некој ден ѝ откажав на жената што ми чисти дома поради коронавирусот. Таа се вика Назире, има пеесет и кусур години, живее во Шутка и има три ќерки кои се омажени во Штутгарт. Вини спие. Си ги крцкам прстите и трепнувам. Чајот од мајчина душица испарува со мирис на прашина.

Коментари


Остави коментар