Бубамара
„Хахахах, баце баш супер беше вчера на Бубамара да ти кажам. Овој Сашо не е нормален, значи какви шали пуцаше братот, хехехех, коронавирус, на сите маски на столче, па тука НАТО, ЕУ, СЈО, леле кога заредија супер беше братче, се прснавме од смеење, абе стомачни развив. Ќути едвај карти најдовме, преку Вале од Јасна мајка и што работи у Министерство за Финансии. Супер брат, Шортипи со Панчо тука од ДНК беа, па свиреа, па Игор Џамбазов со оста критика за општеството настапи, Фчерашни земаа пак за најбоље емисија. Малце Тамара ме изнервира со тоа педерлукот што промовира али ај знаеш даваат пари тие од Сорос, ЕУ, мораат братче знаеш како идат тие работи.
Али Сашко Коцев луд брат, најбоље шали има, па уште на кумановски кога ги кажува, ехехех братче најбоље, здравје догодина пак!“ - Миодраг Стојановски, уживател на добриот хумор, вработен како комерцијалист за Аргета паштета на реон Радовиш-Валандово-Делчево, човек кој некако знае да прави разлика помеѓу истата шала што последниве 10 години ја кажува Тони Михајловски, Сашко Коцев или (insert random несмешен кумановец).