logo

# Приказни

Болестите се менуваат, однесувањето на луѓето - не

насловна слика
Деновиве сè нешто ми текнува на книги и филмови во кои се споменуваат и опишуваат ситуации слични на актуелнава и правам паралели во главава. Пример - ,,Мостот на Дрина". Андриќ вели: ,,Болестите се менуваат, однесувањето на луѓето - не"... "За тие 25 години од средината на деветнаесетиот век, Сараево на два пати се бореше со чума и еднаш со колера. Во тие случаи, касабата се придржувала на упатствата кои според традицијата уште Мухамед им ги имал дадено на верниците за нивното однесување во случај на зараза: додека болеста владее во некое место, не одете таму оти може да се заразите, а ако сте во место каде што болеста веќе владее, не излегувате оттаму зашто може да ги заразите другите." А бидејќи луѓето не се придружуваат ниту на најспасоносните упатства, дури ни кога потекнуваат од Божјите пратеници, ако не се со закон приморани на тоа, власта во моментите на секоја епидемија го ограничувала или прекинувала патничкиот и поштенскиот сообраќај... ги снемувало граѓаните, запослените и безделничарите, замислените и распеаните, а на празната софа седела повторно, како во времињата на буни и војни, стража од неколку заптии. Примале пошта од коњаниците, но со мерки на претпазливост. Заптиите со клешти го прифаќале секое поединечно писмо и го чаделе на чад. Но главната работа не била со писмата, туку со живите луѓе. "Секојдневно наидуваат по неколку патници, трговци, писмоносци, скитници. На влезот од мостот ги дочекува заптија и веќе од далеку им дава знак дека понатаму не може. Патникот застанува и почнува да преговара, а секој од нив смета дека е неопходно битно да го пуштат во градот и секој уверува дека е здрав како дрен и дека нема никаква врска со колерата која е 'скраја да е подалеку од мене - таму негде во Сараево'. Тука негде во разговорот се вмешуваат и останатите заптии. А викаат и дека зашто седејќи на капијата, заптиите по цел ден пијуцкаат ракија и јадат лук, зашто се верува дека тие две нешта се добри против зараза. А тие со тоа верување длабоко се согласуваат."

Коментари


Остави коментар