logo

# Приказни

Балада

насловна слика
Таа се смее како глуварче во француски филм и плаче како стопен сладолед во раката на некое разгалено дете. Светлината од ноќната ламба ѝ влегува во ушите и ѝ пее песни за неминливоста. Нејзините прсти имаат имиња и гласно се расправаат меѓу себе кој од нив ѝ ги избришал последните солзи. Додека спие, сенките во собата медитираат во своите лулашки и поради тоа таа сонува бродови од тишини кои се престоруваат во капки утринска крв и ја оплодуваат зората со светлина. Како да не ја сакаш?

Коментари


Остави коментар