logo

# Приказни

АШ

насловна слика
Еден кутар музичар имаше огромен проблем: на 5 минути пред концерт тој не можеше да си го најде невидливиот инструмент. Бараше под невидливо дрво и под невидлив камен, но попусто... Несреќата за да биде уште поголема, и ансамблот му беше невидлив, па дури и концертната сала во која требаше да настапат. Дури и публиката и влезниците. Музичарот падна очаен во невидлив кревет. Лежеше болен неколку недели и едно утро, тивко како будење на невидливо кокиче во невидлива пролет, тој го напушти овој невидлив свет. Веста за неговата смрт ја пренесоа сите светски весници, отпечатена со невидлива боја.

Коментари


Остави коментар