logo

# Приказни

Ангелот од нашата улица - Белчо

насловна слика
Јуни беше, 11 навечер. Трчав како разулавена да си го пречекам детето заглавено во невремето што не беше невреме, туку буквално отворање на небото и сцени како од најхорор филмови, громови, секавици и потоп, со исклучена мрежа на телефон и последен разговор цел полчас пред тоа. Белчо трчаше заедно со мене... нашето маалско куче кое некои го нарекуваат куче скитник, куче од кое бегаат разгалени човечки битија зашто е гнасен уличар и затоа што, пази, лаел, па им било страв! Е, знаете, токму тие гнасни уличари се единствените суштества на светот кои ќе бидат до тебе иако не го бараш тоа од нив. Кога ја здогледа Илина како трча преплашена и избезумена по поплавената улица, и` се фрли да ја гушка и не знаеше што да направи од среќа. Едно ќе ви речам: Уличните кучиња се ангелите на земјата, токму тие нерасните, џукелите, шутираните од супериорната човечка, снобовска нога.

Коментари


Остави коментар