logo

# Приказни

Акаунт менаџер

насловна слика
„Го обожувам мирисот на топло кафе после 3 саати сон. Ништо подобро од станување рано во 7, пиење едно кафе дома, и тргнување со денот во нови победи. Доаѓам на работа во 8 и 15, прегледувам мејлови и правам агенда за денот. Пиеме кафе, oколу литро ипол јас лично, со колегите и пушиме 34 цигари за 15 минути. Веднаш по тоа се фаќаме за работа. 4 часовна сесија од дерење на дизајнерите, копирајтерите и сите на кои можам да им се дерам, и ете, дошол ручек. Ручек секако не е само ручек. Или е состанок со клиенти со многу пари кои ти серат врз глава, а пишуваат несваќам и неможе на мејл, или е pitch пред нови клиенти. Ручекот е повторно кафе-овој пат само пола литро, парче 'ржан леб и една ротквица. После ручекот, работиме до 9 вечер, дизајнерите остануваат и подолго, особено ако е сезона пред празници. Јас во 9 се враќам дома, за во 9ипол да бидам на настани. Барем 4 пати неделно имаме некаков настан на клиент. Маркетингот е стил на живот, тој ме одбра мене, не јас него. Одмор не земам, празен ход е тоа. Сакам да работам и кога се сончам. Ме исполнува фактот што работам за плата од 500 еура, а делува ко да земам бар 850.“ - Мирка Бојчевска, account manager(а cunt manager), жена во прединфарктна состојба на нејзина 36та година, омразена меѓу колегите и заедницата.

Коментари


Остави коментар