logo

# Приказни

7 работи што можеш да ги направиш ако не си афтеришал во петок.

насловна слика
1. Да јадеш чорба дур е уште вруќа  - Општо познат факт е дека секоја чорба се прави рано наутро и после 11 реално има вкус на газ. Станувањето порано во сабота овозможува максимизирање на искористливоста на чорбата. 2. Да „фатиш“ ден - Никој не знае што е фаќање на денот конкретно, ама твоите и општо постарите ти го дрват од кога знаеш за себе. 3. Да не одиш на бранч зошто не си кретен  - Доручкуваш дома како господин и не трошиш 25 евра за парче авокадо и рукола растена у подрум у Матејче. 4. Да купиш леб којшто не е допрен од страна на пензионери  - Факт е дека пензионерите ги фаќаат сите лебови со гнасни раце засекогаш. Ако ги претркаш, ги анлураш „лукавите“ и немиени раце на бабиња/дедиња. 5. Да ги фатиш репризите на Фатмаѓул - Секако дека гледаш лига на шампиони во текот на неделата, и не ја знаеш судбината на Ферхунде во целост. Одлична шанса за спајање на причата. 6. Да се јавиш во контактна емисија без особена причина  - Ова се случува ако ептен немаш што да правиш. 7. Да ги прочиташ сите вести пред сите другари да станат. - Усери си го денот од сабајле, зошто да чекаш до подоцна.

Коментари


Остави коментар