logo

# Приказни

7 нешта кои ги научивме (за диносаурусите) од филмот Паркот Јура

насловна слика

Класичното дело на Стивен Спилберг е полно со животни лекции!

#1 Не ја вклучувај проклетата батериска ламба!

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

Децата во 90-тите oд филмот Паркот Јура (Jurassic Park) научија дека ако се сретнеш со Тирекс најголема грешка е да вклучиш батериска ламба. Наводно, нивниот вид не бил подобар од кокошките и тие реагирале на светлина и на движење.

#2 „Животот наоѓа начин“

Познатата реплика е на типот (Jeff Goldblum) кој пред да стане научник во Паркот Јура имал неупешен обид да се претвори во Мува! Еволуција, бејби!

#3 Хакери – лоши, диносауруси – добри

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

Генерално кажано, зоолошка за диносауруси е добра идеја, освен ако вработиш хакер кој ќе го зезне целиот систем заради пари… ах, таа човечка природа.

#4 Велосираптор Ајнштајн

Не само што биле брзи, туку биле и паметни. Вашето куче можеби не знае дека кваката отвора врата (или дека вашите чевли не се нужник), но велосирапторот знае!

#5 Цигари во филмовите од 90-тите

Samuel L. Jackson е научник кој пали цигара по цигара зашто филмот е од 90-ти, чури брате!

#6 Диносауруски измет

Не само што изметот е голем колку „планина“, туку и содржи вредни информации за научничката (Laura Dern) која го проучува со радост на дете кое се игра во песок!

#7 Во случај на шармирање женска… користи Теорија на хаосот

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

Научникот ја користи Теоријата на хаосот за да излезе кул пред девојка… кога се случило тоа во историјата на врските?

——————————————————————————

Текстот е претходно објавен на порталот Арно.мк.

Коментари


Остави коментар