logo

# Приказни

5 аргументи дека Земјата не е палачинка!

насловна слика

Зачудувачки е тоа што во денешно време, кога науката и технологијата се толку многу напреднати, има луѓе кои веруваат дека Земјата е рамна. Во тоа предводат Американците кои иако признаваат дека сите други планети се сферични, Земјата не е, со што се потврдува посебноста на „Земјаните“, а светските влади, со НАСА на чело, сакаат да нѐ потчинат и да не убедат дека по ништо не сме посебни и дека сме само на една обична планета во универзумот.

Се проценува дека само во нашата галаксија има 30 милијарди планети, а во вселената 10^21 планети. Навистина да се почувствуваш ситен, но од друга страна, досега се откриени околу 4.000 и на ниедна нема живот, ниту во историјата на човештвото е остварен контакт со вонземјани. Зарем тоа не нѐ прави посебни?

https://youtu.be/1Eh5BpSnBBw

Mind Blowing! ...Earth Compared To The Rest Of The Universe - Amazing Graphic Presentation

Check out more awesome BuzzFeedBlue videos! - http://bit.ly/YTbuzzfeedblue1 ... Music: Doggy (Spacey Pooch Mix) by Dhruva Aliman - https://dhruvaaliman.bandcamp.com/album/the-wolf-and-the-river http://www.dhruvaaliman.com/ - Spotify - https://open.spotify.com/artist/5XiFCr9iBKE6Cupltgnlet - "There are more stars in our Universe than there are grains of sand on all the beaches on Earth."

Да видиме кои се аргументите за сферична Земја:

#1 Кога брод „заоѓа“ зад хоризонтот прво се губи долниот дел, па потоа горниот дел на бродот. Овој аргумент бил познат уште од антички времиња и можете да го тестирате сами.

#2 Затемнување на Месечината. Уште еден од античките аргументи кој се припишува на Аристотел. Кога има затемнување на Месечината, на неа се гледа сенката на Земјата која има сферична форма. Кога Земјата би била плоча затемнувањето би изгледало вака.

#3 Качете се на висока зграда и ќе видите подалеку. Исклучок: поради смогот во Скопје можно е овој експеримент да не успее.

#4 Временски зони. Сами по себе тие се доказ дека Земјата е сферична. Додека кај нас е ден во Токио спијат… ако не гледаат Покемон!

#5 Различни сенки истовремено во различни места на Земјата. Ако имате пријател кој се наоѓа на истиот меридијан на околу 150 км оддалеченост, јавете му се. Двајцата земете стап од 1 метар, забодете го во земјата и измерете истовремено колкави сенки прават. Ќе забележите дека едната е покуса од другата. Токму тоа го направил античкиот филозоф Ератостен (наводно со помош на еден роб) и исто така зачудувачки точно го определил и дијаметарот на Земјата.

Постојат уште многу аргументи, но засега би го споменал само уште овој: илјадниците фотографии и видеа од Меѓународната вселенска станица (ISS)… туше пусикет!

https://youtu.be/XBPjVzSoepo

Earth Views: Earth From Space Seen From The ISS

Check out my latest upload: Deadly Solar Flares: https://www.youtube.com/watch?v=L1-lT-u_d0A Fantastic and beautiful views of planet Earth captured from 240 miles above it. We look down on our planet along with the astronauts aboard the ISS A wonderful relaxing view - sit back and enjoy the spectacular awe of planet Earth Subscribe For More Videos Like This: http://www.youtube.com/user/ouramazingspace?sub_confirmation=1 See my latest videos : https://www.youtube.com/user/ouramazingspace/videos Bringing you the BEST Space and Astronomy videos online.

Коментари


Остави коментар