ЗЗ: Дека сте бе дечки, да си e**те ма***а, да си е**те!? Как шо ви кажа и Коста, видеете ле дека нема да а лесно, ама шо’о најбитно!?, тук там навам, не ни знааме шо прааме, а Владата стоо!, а !?... туку дај да видеме шо а тава за некој Хандке, да средеме шо понабрзина... Прво да питам, чујал ле е некој од ваз'ка за тај човек, прочитале ле сте нешто од него??, слушнах некој писател бил!?
Сите: Не.. Не... Не.. Не не.. Не... Ќе може ли малку македонски да го зборите, овој во слушалки ништо не ти го разбира ова?,... Не.. Не не и јас,... Не...
ЗЗ: Ја прифаќам забелешката за јазикот, се извинувам г-дине Дураку, се надевам нема да реагирате кај венецијанската комисија.
СД: Така така, иначе не не, остај сега ти венецијанска, нема што да го реагирам,.. денес јас нема да реагирам, утре ти нема да реагираш и така, решен проблем, ајде терај надаље.... Иначе околу тој Хандке, како што сум кажал, не сум го чул.
ЗЗ: Па добро како да одлучиме сега што ќе правиме!?, пак ли да повикам пријател!?
ДМ: А нееее шефе, еве ја ко министер за информации, да ви дадам информација дека пријателите се јавија уште сабајле и рекоа дека ако сме стварно пријатели ова морало да се бојкотира.
ЗЗ: Така велиш а!?, се јавиле веќе. А од кај знаеш бе ти Дамјанчо дека биле баш пријателите од преку-река!?
НН: Јас се извинувам, брзам, имам нешто работа, па како министер за ова, за ова,... како се викаше бе!?,... да, животна средина,... да!,... ако можам нешто да кажам, оти сепак темата е во наш домеин!?... Вака,...
Сите: Оооооооо Насер!,.... Леле луѓе, Насееер!!,.... Леле не го ни приметивме,... Прва седница, а Насер??,... Добредојде Насер!!.... Еј да се сликаме сега додека е тука Насер!?,... Абе сигурни сте дека ова е Насер?,... Де бе па и ти, кој и да е, битно сега на 20 дена до крај на владава сме се правеле комплет,... Ееееееј Насееер!!...
НН: Значи нечки, да не го должам, немам време за сликање... иначе да, #добровидојдов, али не сум дојден за подолго… Зборот ми беше, оти стварно журим, видете,... Тој Хандке велите е писател така!?,... епа ако е, онда да влезе во записник, многу е просто!, да не кажам ко овој мојов заменик е просто, али ај нема да кажам,... Значи слушај, книгата е направена од хартија, а хартијата од дрво, толку!,... да се направи тоа книгата се сечело дрво, а ние ко министерство за заштита на животна средина сме увек против уништување на жива средина и со тоа сме за бојкот на тој Хандке. Тачка. Излези сега од записник. Фала.... Ај сега ја одам, вие видете... ај да не го тупам, журим! (затвара врата)
ЗЗ: Woooooow!!, woooooow!!,… каде беше до сега Насер!?, абе вакви луѓе ми требаа мене овие 4 години!!, а не успеавме да ги привлечеме!? Насер еееееј, кај го видовме кој е, па уште и лекција ни одржа, и по логика и по се!, замисли ако знае и енглески!?!, не го ни прашав!?,... каде беше бе до сега Насере, кадеееее?!?... Абе чив е овој Насер??, ако тепаме во април, го ставам министер на 6 министерства и заменик на 8...
ХИ: Шефе, си го читал бе Зоки Поки?
ЗЗ: Хусни прекини да ду*иш!
ХИ: Сум се зезал бе шефе, ич немаш енглеска смисла за хумор.
ЗЗ: Ок Хусни... Рада, мислење?
РШ: Да шефе, мислење!
ЗЗ: Фала Рада.
ОС: Шефе ако завршивте со Рада, ако може да се убацам у муабет и да кажам дека јас сум спремен и нема шанси да дозволам тој Хандке да влезе во земјава, т.е. излезе, ако е веќе влезен,... сакам да кажам дека нема шанси да ни кидне ко овие претходниве 22јца.
ЗЗ: Ок е Оли, оди спремај се за премиер на техничка влада, тука не си баш корисен.
ОС: Слободен сум шефе?, може да излезам??
ЗЗ: Да.
ОС: Јееееееее...
ЗЗ: Нина?
НА: Да,... јас сум исто да го бојкотираме, не знам зашто, ама ако знам сигурна сум дека е поради многу добра причина!, иначе btw, тоа шефе btw е скратеница од енглески што значи ус пут, имам идеја да организираме наградна игра за тие со сметки од групер што ќе ги купуваат книгите на Хандке за време на новогодишниот попуст!?
ЗЗ: Тооооо бе Нина, браво!!,... еееее како не ми текна порано на тебе, 3 години изгубив со дуото Бранимир - Тевдо, а не ми дадоа ниту еден ваков макроекономски потег, да се е*ат векот,... само маратони трчаа и го зголемуваа данокот на Вицето и Трајчето,... нека трчат саа маратони да ги видам! Них ги нема, а министерството стоо! Плус даноко среден ко овој у Пешта што го среди (во себе: хммм, убаво излезе ова што го сместив во Пешта колегата, не се знае кога може да ми се најде, умен јас умен јас,... ај после да не заборавам да му се јавам, да го прашам да не му треба нешто).
НА: (Дига 2 прста) Дали може да излезам?, ми се иде у веце.
ЗЗ: Може.
НА: Може и Мила да дојде со мене? Да ми чува врата!?
ЗЗ: Не може Мила, ми треба тука, земи го Филипче.
ВФ: Па па па...
НА: Филипче!?!,... ама по Инстанбулска конвенција,...
ЗЗ: Тоа таму со инста... што?, ... тоа таму на инстаграм, како го викаш, видете со Коста Петров, не кај мене на седница, тој има кажано нешто од типот да си со луѓе што те сакаат таков а не онаков... немам појма што прича, не бил многу длабок слушам, ама кој има време да го слуша што гунѕа, битно го земавме во тимот, сепак бил читан на 5 континенти.
ВФ: Шефе јас пред да излезам да кажам само дека ќе купам 100 книги од тој Хандке преку групер и купоните од наградната игра ќе ги донирам.
ЗЗ: Браво Филипче,... а пред да излезеш, само кажи ми кај ќе ги донираш.
ВФ: Па планирам по пола-пола да ги донирам на Дончев и Митрев.
ЗЗ: Браво бе Филипче, тоа е тоа јавно државно, какво ли ти беше, партнерство за мир, здравје, благосостојба, љубов и пари наравно! Браво!
ХИ: Шефе?
ЗЗ: Кажи..
ХИ: Абе ја имаш прочитано Зоки Поки??
ЗЗ: Ааааа Хусни ду*иш... сега ја претера, ајде гитла слободен си,.. од кај те најдоа, кај те смислија баш тебе за култура да те стават бе...
ХИ: Ааааа шефе не се прави сега енглез, во две очи сме причале и знаеш дека наредна година го зимам венецот на поезија во Струга, остај ти Хандке, си ме читал ли мене??
ЗЗ: Не сум те чи...
ХИ: А Зоки Поки???
ЗЗ: Хусни одма вооонка!!!, да не те замаам со папуците!!!, ти на мене Зоки Поки читал ли си го, Зоки Поки читал ли си го!?, а за Хандке, кој и да е тој по ѓаволите, причаме!?! Не сум го читал тај твој Зоки Поки!!, дека имам време јас за читане книги!?, 20.000 пораки одговарам дневно само на вацап,.. книги да сум читал!?...
НД: Ако може и јас да се убацам нешто да кажам...
ЗЗ: Де бе па и ти, откако пола си отидоа, сега ти нешто да кажеш, дај оди сликај атмосфера као демек работиме нешто, тој ќе кажувал... имаш ли филм во тој апаратот од Вашингтон со Трамп кај што ме сликаше?
НД: Ама...
ЗЗ: И после дај ми ја таа краватата, не е лоша...
НД: Ама...
ЗЗ: Ама ама,... ама слободен си после, ајде,.... и јави се некаде по ова светов дека го бојкотираме овој Хандке, ајде оди причај малку енглески таму, да не излезам јас со соопштение, па да те засенам у твоја област.
МЦ: Шефе пред малку на Нина и кажавте дека ви требам нешто.
ЗЗ: Здраво Мила моја,... Да, види ти ова околу Хандке да не излезе толку битно, пиши таму на тоа твојата страна нешто во твој стил, као демек сега има 200.000 побогати семејства од лани, 700.000 од преклани, 455.000 семејства земаат плата и поголема од потребната, 900.000 деца добиле детски додаток, топки и пакетчиња, 800.000 жени денес се посигурни од вчера и слично што лупеташ секој ден!?, што не знам и кој те чита, али ај!,... освен оној Ј. што ти јаде г**на на секој пост, али топ е тоа што нит му враќаш муабет, а нит го блокираш, нека лае, ни треебаат такви ко него, оти само така може да се преброиме колку сме. Значи остај го него да лае за твоите демек успеси, али кој го лајкне - клавај го одма у список, знаеш во тој зелениот тефтер Павле што ни го остави.
МЦ: Тоа и го правиме цело време шефе, друго и ништо не правиме.
ЗЗ: И ??
МЦ: Па за овие 3 години имаме 1.200.000 луѓе во тефтерот.
ЗЗ: Топ!, е то ти је стратегија. Немаш читано ти од стара кинеска култура за војувањето.
МЦ: Немаш ни ти шефе.
ЗЗ: Е немам, ама замисли да имам!?
МЦ: Дали сум слободна шефе?
ЗЗ: Да да, и оди до вецето, ослободи го Филипче од пред врата, иначе цел ден ќе ја држи Нина у вецето.
МЦ: Се за правата на жената шефе.
ЗЗ: Ајде гебелсче мое, оди пиши цифри таму, у наредна влада на место на Рада те ставам, читај таму кинеска литература околу војувањето, имало некоја јака околу стратегии, ај па ваљда втор мандат боље, оти и онака полошо не може.
(Се врти кон преостанатите)
Вие другите шо праате бе оште тука??
Останатите: Па да гласаме за Хандке шефе.
ЗЗ: Кој?
Останатите: Хандке, ова околу нобеловецов!?
ЗЗ: А тој. Абе каков нобеловец, тие мене не ми дадоа чиста сигурица фикс нобелова, сега јас ќе му ја мислам за на некој таму што не ни знаме кој е, скраја па некој да го читнал него или било што општо, ... да не го тупам и јас, убаво ви кажа Насер, Хандке е опасен по животната средина и ние одбиваме т.е. го бојкотираме. Треба да го спасиме светот, а не вака ко овие швеѓаниве!?
Ајде сите магла и кажете му на Макрдули да влезе, доста дремеше таму пред моја канцеларија, пред 3-4 дена му кажав да ме почека, сабајле го видов уште е таму,... кој ќе го слуша па него сега, што не оди кај Нора да се исплачи ко човек,.. пак сега нешто тој околу ова Мој ДДВ ќе го тапани, де не му се скенирале сметките, де шифрата не си ја знаел, де не му биле исплатени 84 денари за септември, ово оно, кој ќе го слуша...