Одвојување
песната и јас еден од друг
се ослободуваме
не кога ќе ја запишам,
туку кога ќе ја споделам
со светот. дури тогаш
таа веќе не е моја.
има песни што ме мачат уште
долго откако се веќе тука.
ги препрочитувам и не можам
да се одвојам од нив.
страв ми е. и не знам
дали сум јас таткото што
раѓа или детето што си
заминува од дома.