logo

# Поезија

Љубимиројавление

насловна слика
љубам луѓе будалишта, далдисани. јуродиви. месечари. самовилничари. пијаничишта. одлепени, удрени, пернати со ровја по глава. луѓе со мокри погледи и ѕвезда меѓу очи. изгубени во хронотопот на приказната. луѓе деца во години. кои најаве зборат исто ко насон. гласно и со зборот право в чело! луѓе исфрлени од поплавата на чаршијата. навикнати на самотија и бескрајни монолози. и сиот тој нивни свет, кој светот не го разбира! луѓе-отстапки љубам. зашто без нив нема поезија.

Коментари


Остави коментар