logo

# Поезија

Индиго

насловна слика
тивко е. светот спие. тишината ја параат мачки што водат љубов. кучиња лаат негде откај последна петка. една тајфа пијани урла насред улица. по булеварите поминува и понекоја кола. во плавата некој спушта ролетна. небото над скопје не е темно. крстот на водно осветлил пред себе партал облак. во паркчето пред мене горат улични светилки и параклисот што уште не знам кому му е посветен. станувам едно со ноќта. јануари е студен и неприземјен. цибрина ми ги мрзне дланките.

Коментари


Остави коментар