logo

# Ново

Второ издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“

насловна слика

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ во соработка со Општина Валандово, на 23 ноември (утре, среда)  со почеток во 19:30 часот, во ЈОУ Дом на култура „25 мај“ во Валандово ќе ја реализираат второто издание на книжевната манифестација „Валандовско поетикување“.

На поетското читање планирано е да настапат десетмина реномирани поети и автори од Струмица, Валандово и регионот, познати на книжевната јавност.

„Од исклучителна важност се ваквите книжевни манифестации кои се одговор на стратегиите за децентрализација на културата, а се реализираме со цел подигање на духот на граѓаните, нивно позитивно анимирање и оттргнување од секојдневните проблеми со кои секој од нас се соочува“, велат организаторите.

Од „Контекст – Струмица“ посочуваат дека ова е ретка можност да се биде дел од  преубавиот амбиент на ЈОУ Дом на култура „25 мај“ во Валандово, кој ќе биде специјално уреден за оваа манифестација и да се слушнат и видат домашните автори во еден сосема уникатен и неформален начин, со помош на интеракција и слободен пристап.

„Овој нов мултимедијален формат кој ќе се користи за второто издание ќе направи Валандово да биде препознато на мапата на книжевна поетска мисла која ќе биде водилка во периодот што следи. Доколку сакате да уживате во поезијата на овие автори, но и доколку сакате да прочитате ваши стихови – со задоволство го очекуваме вашето присуство“, велат од „Контекст – Струмица“.

Коментари


Остави коментар