logo

# Ново

Премиера на „Колку убав погреб“ во Штип

насловна слика

Во сабота, на 13.11.2021, во Дом на Млади – Штип, ќе се одржи премиерната изведба на

театарската претстаства „Колку убав погреб“, работена според истоимениот драмски текст на

Марјан Анѓеловски, а во режија на Александар Јовановски и Марјан Анѓеловски.

„Колку убав погреб“ е драма која зборува за животот на бездомникот Ангел, кој живее од

смртта на другите, хранејќи се од погреб на погреб. На еден погреб, тој ќе ја запознае

девојката Марија и нивните животи ќе се променат засекогаш ... Апсурдна приказна за една

искрена љубов во едно труло општество, полно со омраза и предрасуди.

Автор: Марјан Анѓеловски

Режија: Марјан Анѓеловски и Александар Јовановски

Сценографија: Ристе Мицевски

Играат: Јасмин Рамани, Ивана Стамевска, Ристе Мицевски, Елена Ѓорѓевска, Огнен Велевски,

Петра Ивановска, Сара Николовска и Марјан Анѓеловски.

Претставата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија,

како проект од национален интерес од областа на драмската дејност за 2021 година.

Настанот ќе биде организиран согласно сите протоколи за заштита од Ковид-19, и Ве

замолуваме истите да ги почитутвате во целост.

Коментари


Остави коментар