logo

# Ново

Нова бесплатна книгичка од Арно.мк за почеток на новата учебна година!

насловна слика

Образованието може да биде формално и неформално, ние го претпочитаме второто!

Затоа ви ја подаруваме книгичката „99.9 тотално забавни и сосема бескорисни факти за кои не сте знеле (дека ви требаат)“ која можете да ја симнете од овој линк.

Оваа „јубилејна“ 10-та книгичка од едицијата „Фактопедија“ се занимава со факти од различни области на науката, уметноста, историјата, живиот свет, екологијата и разни други области на човековата дејност.

Со книгичкава се навраќаме на причините зошто е создадена едицијава – една општа и несопирлива желба за учење и осознавање на нови и интересни нешта. Тоа е знаење кое нема за цел „петка“ или успех, туку постои само за себе и ја збогатува личноста и нејзиниот светоглед. Ни помага да го спознаеме своето место во вселената и да бидеме скромни, но воедно и постојано жедни за нови знаења. Врзете се, полетуваме!

Во едицијата „Фактопедија“ досега се објавени 10 книги и сите се достапни за бесплатно преземање.

  1. Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017)
  2. Необични факти од животот на Никола Тесла (2017)
  3. Јаболкото на Њутн (2018)
  4. Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019)
  5. Made In China – Кинески изуми (2019)
  6. 25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш (2020)
  7. Мустаќлии кои го смениле светот (2021)
  8. Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин (2021)
  9. „Од кој филм беше?“ – 150 сцени од познати филмови (2021)
  10. 99.9 тотално забавни и сосема бескорисни факти…

    Сите книгички од оваа едиција се достапни за бесплатно симнување или читање (линковите се погоре), а печатените изданија може да се најдат во книжарниците Антолог и Или-Или.

Коментари


Остави коментар