logo

# Ново

„50 цитати и поговорки за образованието“ – нова бесплатна книга на арно.мк!

насловна слика

Ви носиме нова бесплатна книга на нашиот портал наречена „Шапката му ет арна, ама глаата му ет празна“ – 50 цитати и поговорки за образованието! Цитатите и поговорките, како и креативните биографии на личностите ги има собрано и напишано Бранко Прља.

Погледнете ја и симнете ја книгата тука.

Книгичката е 14-та во едицијата „Фактопедија“. Во неа е поместен избор на (според нас) наијнтересни дваесеттина цитати поврзани со образованието. Оваа тема е актуелна кај нас, особено изминативе 2 години, но ни се чини дека пристапот на медиумите и на јавноста е превртен наглава!

Потребно е темелно преиспитување на тоа што значи образованието, кои се неговите носители и како правилно да го негуваме и чуваме за да имаме подобри идни генерации.

Во книгичкава се вклучени и дваесетина поговорки за учењето и уката од македонскиот народ (благодарение на блогот на писателот Љупчо Димитровски).

Овие поговорки укажуваат на тоа дека мудриот македонски народ изгубил нешто значајно во последните децении. Не се работи само за лошата репутација на образованието и лошите резултати на меѓународните тестови како ПИСА, туку за нешто поголемо и пострашно.

Во Македонија се изгуби интересот за учењето, истражувањето, уметноста, науката заради девалвацијата на нивните вредности. Овие професии се ниско платени (а кога се обидуваат да добијат вредност, се столчени од народен стап!) и потценети. Книгата е сведена на еден саем во спортска сала за кој медиумите не се интересираат, а интелектуалците се сведени на робови на еден систем кој не ги почитува.

Со цел за подобрување на оваа состојба е направена и оваа книгичка, како и другите книги од едицијата Фактопедија, и единствените агрегатори за култура и наука во Македонија creative.mk и science.mk. Сите тие нешта се производ на Капка и Арно.мк.

Да не заборавиме да ја почитуваме културата, уметноста и образованието, зашто народ кој си ги почитува едукаторите, има светла иднина!

Коментари


Остави коментар