Зоран Заев бара цимер да делат сметки
Премиерот откако неодамна се отвори во јавноста дека живее како студент и јаде виршли, реши комплетно да ни ја каже својата приказна. Имено, премиерот е во потрага по цимер поради неиздржливата цена на кириите и сметките во главниот град. Ветува дека дури и виршлите ќе бидат поделени со соодветниот кандидат. Бенефициите што цимерот би ги уживал се колекција книги од Ентони Гиденс, автор на ,,Третиот Пат" и делење на Нетфликс акаунт. Предност имаат кандидатите кои сакаат суфлаки, одат на работа со четрицикл и по можност се екс-премиери на соседни држави.