Владина делегација утре експресно ќе лета за Швајцарија каде ќе започнат преговорите за увоз на чист воздух кон државава. Нашите еко-дипломати ќе се сретнат со Хајди и нејзиниот дедо со цел да ги видат резултатите од доживотната изложеност на таквиот воздух.
После неколку часовните опсервации и разговори, нашата делегација ќе се одмори со кафе на Женевското езеро, а во знак на пријателство швајцарците најавуваат дека ќе ни испратат неколку камиони пакетчиња за Нова Година со Милка чоколади.
,,Ништо не лечи затруени бели дробови како засладен стомак. Едноставно преку едното забораваш на другото." - изјави швајцарскиот дипломат задолжен за односи со земји кои уште не знаат што е магла, а што загаден воздух.