logo

# Критика

Видео-театар во режија на Теа Беговска и Апостолова Баскар

насловна слика
Кирил Ерофеев е луциден интелектуалец, бескрајно трогателен и елоквентен – тој има храброст во книжевноста но нема храброст во животот; тој е ноторен алкохоличар. Со термините на алкохолот тој дава една прецизна мапа на локалната алко-трагедија; тој не носи во насока на длабоката осаменост со мирис на вотка; тој споделува темелна алко-рецензија за сите алко-просветлувања и состојби на телото, душата и комуникацијата под дејство на руска водка, кубански коктел, женевски квази моктел и ефтина колонска ... Алкохолот, меѓудругото е метафора за системската и политичка ерозија во СССР, пред нејзиниот конечен колапс.       Кирил Дончов е познат филмски модератор и сценарист, предавач; во проектот сите не изненади со својот извонреден актерски талент - богат со нијанси, интерпретациска флексибилност и непредвидливост, смисла за осмислување и градење на ликови, одлично познавање и изговор на англискиот јазик; дикција, природност, фотогеничност и каризма.   (Нашиот Центар со скромен буџет и многу креативност, интензивно работи на создавањето на експериментални видео-театарски форми како: видео театар, видео драмски читања, видео драмски пичинзи; еПубликации; еПромоции; аналогна и дигитална едукација, комуникација, размена на информации, меѓународна афирмација и друго.)     Линк до промотивниот фото албум на Фејсбук. https://www.facebook.com/pg/MacedonianCenterofInternationalTheaterInstitute/photos/?tab=album&album_id=4420971147945596

Коментари


Остави коментар