logo

# Критика

Три сцени за коронавирусот

насловна слика

Сцена 1 - Власт

Кина. Провинција Вухан. Аеродром. Ноќ.

Таи Вонг со своето семејство чека на терминалот. Спијат на багажот. Ана-Клер - жена му, го дои пет месечното бебе. Врз него лежат три годишната и пет годишната ќерка. На разглас оди дека летот за Лос Анџелес се одложува за уште дополнителни десет часа. Разгласот го буди Таи Вонг. Се чеша за главата и погледнува кон својот мобилен. Уклучува некоја апликација. Почнува да се снима.

Таи Вонг: Веќе три дена сме на аеродром. Почнуваме да халуцинираме. Нема доволно храна за сите, а онаа што ја има е веќе од претходната недела. Локалните власти се неумешни, нема никаква организираност...

Некој го допира Таи Вонг за рамото од позади. Полицаец. Таи Вонг се врти полека.

Полицаецот: Без мобилни ве молам. Не сакаме да создаваме паника.

Таи Вонг: Праќав порака на мајката на жена ми во Лос Анџелес. Има право да знае како и се внучињата. 

Полицаецот: И народот има право да не се плаши. 

Таи Вонг: Од што да се плаши? Сите знаат...

Полицаецот: Под контрола е веќе. 

Таи Вонг: Епа ајде да летаме тогаш, што е чекањево?

Полицаецот (намуртено): Мораме да сме сто проценти сигурни. 

Таи Вонг: Како не ви е срам...

Двајца луѓе во заштитна опрема доаѓаат и го земаат под раце Таи Вонг. 

Таи Вонг(разлутен): Што е ова? (почнува да плаче) Сара Вонг, Мае Цун Вонг, Хана Вонг...(погледнува кон Ана-Клер)....(двајцата го тегнат)

Болничарот: Сакаме да ве тестираме господине. Уште немате поминато на скрининг. 

Таи Вонг: Каде? (го одвлекуваат)

Ана-Клер (се затрчува кон него, полицаецот ја запира): Има ли крај?

Сцена 2 - Народ

Пет дена пред тоа. Провинција Вухан. Градилиште на новата болница. Прашина, багери, луѓе. 

Ху Кван(23) и Феи Хонг(55) се на пауза за ручек. 

Феи Хонг: Полошо е од 2003.

Ху Кван: Многу бев мал. Ама слушам побрзо одело градењето.

Феи Хонг: Овие од горе подобри беа тогаш...

Ху Кван: Абе подобри, нема кај нас подобри. 

Феи Хонг (се замислува): Во 2003 почина ќерка ми. Од САРС.

Ху Кван: Сочуство..

Феи Хонг: А сега и брат ми го фати ова..

Ху Кван: За него се пријави на ова?

Феи Хонг: Пријави? Над 40 години е задолжително. 

Ху Кван: Што ќе правиме кога ќе почнат да доаѓаат само....а ние не сме готови. 

Пет дена подоцна.

Болницата е направена до пола. Горниот дел уште го градат. 

Таи Вонг заедно со стотици луѓе во болничка облека се движат низ градилишето. Неколку од градежниците ги упатуваат кон рутата. 

Таи Вонг: Толку е...

Феи Хонг и Ху Кван се качени на врвот од една од зградите. Гледаат кон колоната што доаѓа кон болницата.

Феи Хонг: Има многу деца.

Ху Кван(погледнува): Страшно.  

Сцена 3 - Свет

Лос Анџелес. Станот на Жизел, мајката на Ана-Клер. Седи на софата и гледа телевизија. Одат репортажи за коронавирусот. Доаѓа нејзиниот маж, Филип, јаде пуканки. 

Филип: Дај бе пушти оскари.

Жизел: Како не ти е срам...ќерка ти е таму.

Филип: Па што да правам? Да се депримирам?

Жизел: Дојде и кај нас, да знаеш, вирусот е во комшии.

Филип: Па и за тоа ли да се нервирам? 

Жизел: Една недела нема пратено порака, последно знам дека се на аеродром...

Филип: И реков немој со кинез..

Жизел: Филип! 

Филип: Абе ајде...

Жизел: Во злото се препознаваат вистинските луѓе...

Филип: Ако не пуштиш оскари идам да спијам! (си оди)

Жизел(се закашлува): Не...не е можно.

КРАЈ

Коментари


Остави коментар