logo

# Критика

Си беше еднаш во... Ајова

насловна слика

Едно утро Ајовчани се разбудија без јасен победник на изборите за претседател на Демократската партија на САД во нивната сојузна држава. Нешто се случи таа вечер во Ајова што никој не може да го објасни. Како некакво магнетско поле да ги раздрма апликациите на кои се броеа гласовите. 

,,Сигурно се Русите пак", си помисли еден локален лидер на Демократите и отиде да праша во партија дали е точно тоа.

,,Сигурно пак го крадат Берни", си помисли еден негов поддржувач, ставајќи ги лименките пиво во фрижидерот, со кои бил спремен да ја слави победата.

Таа вечер дефинитиво нешто се случи во Ајова. Се изгуби разумот и секаква шанса за ферплеј, но луѓето бараа виновник надвор. Токму и така Ајовчани влегоа во нова димензија на постоење, каде има избори ама нема победник...Ајовчани добредојдовте во Зоната на Самракот. 

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

Коментари


Остави коментар