logo

# Критика

Секс, дрога и турбофолк

насловна слика

Некој може да помисли не сум нормален, за среќа сите надлежни институции мислат поинаку, ме провери мајка ми шо би рекол Шелдон. Па зошто секс, дрога и турбофолк? Пошто турбофолкот е рокот на младината, сакале или не. Точно Аца не е Морисон, Јужни Ветар не се Битлси и Цеца не е Џенис и турбофолкот е кич за разлика од рокот. И тука прекинува секоја споредба во однос на музика („За вкусови не се разговара, рече Миле Китиќ и кладе леопардова кошула). Како општествен феномен и значење е друго. 

Има интересна анкета на БиБиСи, кога рокот беше млад, а ние не постоевме некаде од средината на 60-тите во која воглавно се стари, збрчкани Англичани кои одговараат на прашањето „Дали Битлси треба да се емитуваат на БиБиСи“. Нормално сите беа загрижени за влијанието на Битлси на младите, нормално штетно. Е ние сме тие стари, збрчкани Англичани сега.

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

Ние, со турбофолкот

И шо им нуди турбофолкот на младите? Сѐ што им нудеше рокот на младите освен добра музика, се разбира. Им нуди да се дотераат за во диско, им нуди да се дел од група, им нуди запознавање на слични со себе, им нуди директна инфузија на чувства лишени од метафори и соло од 17 минути, им нуди секс, дрога и турбофолк. За разлика од рокот, чии влијанија врз општествити беа ослободување на младите, човекови права и задре во скоро секоја пора на живеењето од Владивосток до Даблин и уствари насекаде, турбофолкот нема тенденција да го менува општеството. Иако таа генерација не заврши баш славно кога порасна. Турбофолкот нема намера да менува ништо во општеството и многу логично е прашањето дали вакво ни е општеството поради турбофолкот или турбофолкот постои поради ваквото општество. Дилемата со кокошката и јајцето.

https://www.youtube.com/watch?v=Fm6neDnTnnc

Keba - Paint it black

Рокот не најде начин да ги вдоми овие деца, а на секоја генерација им треба музика. Се дисконектира, остана за 50-годишни кои уште ја слушаат Hotel California и пијат некое скапо германско пиво пошто се негде директори и од рок енд рол немаат ништо. 

[caption class="snax-figure" align="aligncenter" width="662"][/caption]

Слухот дома

Сѐ на сѐ секоја генерација мисли дека музиката што ја слушаат младите ќе ги уништи. Рокот ќе ги уништи младите, металот ќе ги уништи младите, рапот ќе ги уништи младите, гранџот ќе ги уништи младите, електронската музика ќе ги уништи младите, турбофолкот ќе ги уништи младите. Нема... Младите овде ќе ги уништат корумпирани политичари, олигарси, бесперспективност, лоша економија, беспарица... Нека се забавуваат додека можат, после ќе дојде нова музика која ќе ги уништи нивните деца. Ај сеа пуштете нешто од Дорс.

Коментари


Остави коментар