logo

# Критика

ПОЕЗИЈА: Џејмс Џојс #bloomsday

насловна слика
НЕ ТАГУВАЈ Не тагувај затоа што луѓето избираат лажен шум наместо тебе: Срце мило, врати си го мирот повторно - зарем можат да те осрамотат? . Тие се потажни од сите солзи, животите им се вознесуваат како бескрајна воздишка. Гордо одговори на нивните солзи, додека тие негираат, негираат. . САМ На белозлатна месечина мрежите нежни во завеса ноќна ја прегрнуваат. До заспаното езеро фенери крајбрежни јорговански гранчиња прегрнуваат. . Трските потајно го шепотат во ноќта нејзиното име - име на жена. Душата ми е бескрајно екстатична - пред глувата сила на срамот. . (слободен препев: м.г.) Џејмс Огустин Алојшис Џојс (англиски: James Augustine Aloysius Joyce), попознат како Џејмс Џојс (James Joyce; 2 февруари 1882 - 13 јануари 1941) — ирски модернистички писател, еден од најзначајните писатели во книжевноста напишана на англиски јазик. Џојс се смета за родоначалник и втемелувач на прозниот и експериментален пристап, познат под името „состојба на свеста“, а со своите дела извршил големо влијание врз светската книжевност. 

Коментари


Остави коментар