logo

# Критика

Партиите и овие избори говорат бегло за заштита на природата

насловна слика

Не ми се допаѓа тоа што сите говорат за политика, за минорни дневни замајувања на умот наметнати од пропагандата, но никако да се фокусираме и да проговориме малку погласно, наместо за овие глупости и борби на лажни суети за тоа што е сериозен проблем кој ни дише во врат секојдневно. Локални загадувачи почнаа да ни ги уништуваат реките, ретки видови животни се убиваат за препарирани скулптури во нивните скапи и луксузни вили, диви сечачи на сите страни ни ги оголија планините, езерата ни ги направија дивоградби и убавите места депонии. Да говориме за тие диви копачи што копале 10 дена и речиси го уништиле водопадот во Длабочица или да се вратиме на темата за рудникот, оти проблемот уште не е решен, тие имаат моторизиран протест во сабота. Зарем нема тоа да биде подобро? Програмите полни, короната стооо....

Партизираниот ум е проблематичен кога треба рационално да ја анализира големата слика, тој е конфузен и збунет, нерешителен, наклонет кон оној кој му фрла трошки. Реалноста е сурова, маските можеби ќе ни помогнат, но нема да не заштитат од ова распуштено управување кое трае со децении “транзиција“. Каква транзиција бре луѓе, си станаа кумашини едни со други, станаа една те иста фамилија. Слепи сте? Берете памет, наместо реорганизација и враќање во колосек, од ден во ден ние сме се подевастирани. Очигледно ништо што е свето повеќе не ни е важно. Почитта кон нас се претвори во изборна бројка, а нашите проблеми и грижи ставени во листата за помош за понатаму, во точката разно. 

Иако сметам дека народот не ни е наивен, загрижен сум за тоа што го приоритетизираме како цело. Гајле ми е за таа некоја дали ќе пие кафе со министерот за здравство, или за тоа дека некоја друга/ докторка во слободно време напишала глупа корона песна. Го банализираме секојдневието со бедна просечност, некои работи ни се смешни, но она што ни поминува под нос незабележано е далеку од смешно, алармантно е и сериозно. Важно си се пукаме на Матка во слободно време, си палиме пекари, автомобили, па и на глупоста на функционерските наследници им нема крај, ги гледаме како се изживуваат со народните пари. 

Да потсетам, партиите треба да служат за да бидат во функција на гласачите, а за жал тие се сѐ, само не потребната услуга која треба да им ја пружат на граѓаните.

Коментари


Остави коментар