logo

# Критика

„Падот на Мра“ vs. Трансплантација на Народната свест

насловна слика

Деновиве е активен „Падот на Мра“ - хонорарецот и знам дека некои психолошки верзии на Петрит тешко ќе го надминат ова што му се случува, сепак, ќе го одморам, таквите како него уште одамна требаше да им се покаже каде им е местото според интелектуалниот капацитет кој не го поседуваат и манипулативните способности кои ги имаат развиено до совршенство и со кои глумат професионални експерти ________ (додај по избор), до прегорување на авторитативниот осигурач.

Сепак, тема на денот е -ВЕРИЦА БЕЛЧОВСКА-, односно нејзиното семејство кое ги донираше органите, со што нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе. Оваа приказна мене ме потресе, ме наежи, ова е тема за која треба да говориме неколку денови ако имаме уште трошка човечност во нас.

Оваа трогателна човечка приказна во време на проклети енергетски вампири, желни цицачи за превласт како да не е вонредна состојба и како државата да не се распаѓа е искрен зрак надеж. Браво за целиот тим кој ги извршува трансплантациите, до семејството Стајиќ, колку и да е тешко - нема поважно до тоа да се продолжи нечиј живот!

Во овие тешки и кризни времиња од исклучителна важност е да си бидеме поддршка, колку само се небитни оние кои заради лукративни причини прават злодела кои повлекуваат и криминална сенка. Нивните карактери и достоинство станале рентабилни единствено за ѓаволот, небитни се.

Ако здравјето ни е најголемиот дар и првото наше богатство од кое ни зависи среќата, воопшто не е потребно да се запрашуваме зошто колективниот ум на моменти се однесува како нетокму, не!?

Коментари


Остави коментар