Коментар за изложбата ,,Бев Загубен” на Toni Popov во Метаноја галерија – Metanoja Gallery.
На 4ти декември минатата недела се отвори ново изложбено место за независните уметници во Скопје, галеријата ,,Метаноја”.
„Метаноја“ галерија се наоѓа на ул. Максим Горки бр. 19, веднаш до кафе книжарницата “Метаноја“. За сите оние кои не успеале да дојдат на отворањето можат да ја видат изложбата секој работен ден од 12 до 16 часот. Изложбата ќе биде отворена до 31ви јануари 2020 година.
Утеха која го надминува разумот
Достојното следбеништво на експресионистите и неоекспресионистите кое Тони го изразува преку своите многу скорешни дела во кои преку варијации на теми и материјали сака да ни го отслика алиенираниот свет се навистина во служба на насловот и како тоа сите ние сме ,,загубени”.
Механизмот на уметноста која од една страна плени со својата креативност, но удира и длабоко во душата со својата порака во делото на Тони Попов пак гледаме дека станува збор за дамнешната дефиниција дека таа е утешителка.
Маљевич и Кандински го бараа духовното во уметноста, но јас кај Тони го гледам Духот, токму оној кој може од ,,загубени” да не направи ,,најдени”. Светиот Дух кој во Библијата го нарекуваме Утешител. Во овој случај Утешителот делувал и врз утешителката.