logo

# Критика

Нема поубаво нешто

насловна слика

Нема поубаво нешто

Нема поубаво нешто од тоа

да знаеш дека нема јаже

кое може да го достигне небото.

Нема поубаво нешто од веста

дека радоста и мирот дошле

и во градот и во селото.

Нема поубаво нешто од тоа

да знаеш дека небото се симна

...а причината си ти.

Нема поубаво нешто од веста

дека љубовта е вечна

и дека можеш да ја видиш очи в очи.

Затоа отвори ја срцевината на срцето,

Остави ја душата да се издиши,

Покани ја милоста да те помилува,

Дозволи и на вечноста да те овековечи.

Дали ја знаеш о човеку

 ...тајната на вековите?

Тајната е во тоа правта

да се претвори во слава.

А тоа што било мртво,

да воскресне од гробовите.

Коментари


Остави коментар