Македонија по десетти пат пред портите на НАТО
Римјаните ги плашеле своите дечиња дека Ханибал е пред портите на Рим. Денес не охрабруваат дека сме пред портите на НАТО. По десетти пат, рекордно во последните десет години, Македонија е пред портите на НАТО. Рекорд во ,,бидувањето пред нешто" влезен во Гинисовата книга. Кога сме пред портите и какви тие треба да бидат, треба да не охрабруваат не со портите на НАТО, туку со портите на Рацин:
Ако куќа не направив
со високи шимшир
порти,
куќа цел свет братски
ми е
братски срце што
отвора,
срце - порта
наjвисока,
срце - куќа наjширока.