logo

# Критика

КРАТКА ДРАМА: Чудни се патиштата чоечки

насловна слика

Кратката драма Чудни се патиштата чоечки е дел од проектот Сирота мала богата драма во организација на Иванка Апостолова од македонскиот центар на ИТИ(Интернационалниот театарски институт), а под менторство на Улрихе Зиха, драмска авторка од Германија. Целиот проект и драмите од другите автори прочитајте ги ТУКА. Еве само еден извадок.

Кирил Дончов 

ЧУДНИ СЕ ПАТИШТАТА ЧОЕЧКИ  

 Сцена 1

Празна сцена. Звук на труби. Звуци на народ како навива и скандира. На сцената полека излегува младо пегаво момче обвиено во бели чаршафи. Момчето ја врти главата лево-десно. Преплашено.

Момчето: И чудни се твоите патишта, Господе. Уште почудни се нашите човекови.

Од горе паѓа една девојка, која е облечена во провокативна црна долна облека и со себе носи камшик и маска на лицето. Почнува да го брка момчето.

Момчето: Немој, немој, како св. Антониј ли да бегам! Запри да разговараме, сигурно има што да си кажеме.

Девојката (запира, седнува):Те слушам.

Момчето: Сакам полека.

Девојката: Што сакаш?

Момчето: Ми треба тој! Појави се!

Девојката: Сакаш полека. (почнува да лази накај него)

Момчето: Не сакам ништо!

Експлозија. Чад. Се гушат и двајцата. Од средина на сцената гледаме две маскирани фигури во костуми како на раменици носат маскиран човек. Го спуштаат маскираниот човек, кој застанува помеѓу момчето и девојката.

Господов: Сакате да ве спасам?

Момчето: Сакам!

Девојката: Од што?

Господов: До кога? До кога? Кога ќе дојде тој совршен свет.

Момчето: Спас!!!

Господов: Сега ќе сте во пелени!

Девојката и Момчето почнуваат да лазат околу маскираните луѓе. Господов почнува да ги гали по косата.

Господов: И што ако пак растете? Пак ви дадов шанса. Ова беше 200 милионитиот пат. Ме чекаат, а вие ме уморувате.

Маскиран 1: Света е таа земја што те има тебе.

Маскиран 2: Пресвета е таа земја со која владееш ти.

Господов: Едвај чекам да видам што сум направил сега.

Сцена 2

На еден крај од сцената седи девојчето со мобилен во рака, на другата страна од сцената момчето со таблет во рака.

Девојката: Може ли тато да направи сешто?

Момчето: Семоќен е.

Девојката: Сакам да сум како тебе за еден ден.

Момчето: И јас сакам како тебе да сум.

Девојката: Овде вели да го инсталирам ова и ќе бидам како тебе. Сфаќаш колку е убаво?

Момчето: Најубаво!

Девојката: А ти треба да инсталираш нешто?

Момчето: Стар модел е. Пак ќе треба тато да направи нешто за мене.

Девојката: На колку години да направам да сум како тебе?

Момчето: Не знам. Сите се лоши.

Девојката: Абе, многу се заигравме.

Момчето: Премногу.

Девојката: Дојди да те гушнам.

Момчето: Бегај.

Девојката: Зошто?

Момчето: Немаш прочитано ниту една книга.

Девојката: Сепак го имам целото знаење на светот. Уште да знам како е да се биде ти.

Гласови: Reset system. Reset system. Reset system.

Девојката: Пак ли?

Момчето: Сигурно.

Господов доаѓа повторно носен од двајцата маскирани луѓе. Момчето и девојката се онесвестуваат.

Господов: Уништете ги.

Маскиран 1: Што?

Господов: Направите.

Маскиран 2: Таму им е животот?

Господов: Да, ако ги уништиме направите, ќе ги снема засекогаш.

Маскиран 1: Ова ме потсеќа на потопот.

Господов: Дури и Бог има посовршени методи од тогаш.

Маскиран 2: Ќе ги избришеме од постоење?

Господов: Не засекогаш. Ама моментално едниот ќе биде другиот, а другиот едниот.

Маскиран 1: Ама ако ги уништиме, што ќе остане?

Господов: Ништо. Ќе земам ќе напишам книга за нив.

Маскиран 2: Така ќе продолжат да живеат?

Господов: Така ќе живеат вечно, така е поубаво отколку да ги созадава, пак и пак…и пак…

Гласови: И така беше во почетокот. И така започна.

 

Коментари


Остави коментар