logo

# Критика

Коронавирусот: Во македонските болници се чувствувам како дома

насловна слика
После две недели во земјава коронавирусот реши да си ја отвори душата. Сместен е во македонските клиники, а за услугата вели дека храната е застарена како што треба и дека хигиената е на подпросечно ниво, што го тера да се чувствува како дома заедно со другите браќа и сестри бактерии. Ужива во прес-конференциите на државните функционери кој му влеваат надеж дека ваквата ситуација ќе продолжи и дека тој планира да остане во земјава подолго. Исто така е возбуден затоа што никаде не бил пречекан во ваква атмосфера на паника и неодговорност, што дополнително го олеснува неговиот престој. 

Коментари


Остави коментар